Две возила со хуманитарна помош од Ресен денеска беа испратени до собирниот пункт на Црвениот крст во Момин Поток, кои ќе бидат дистрибуирани до населението зафатено со поплавите во Скопско.Изминатите денови во собирниот пункт на Црвениот крст во Ресен, лоциран во зградата на Општина Ресен беа собрани повеќе од еден и пол тон вода, 120 паковки со конзервирана храна, бебешка храна, пелени и производи за лична хигиена, кондиторски производи, кебиња, средства за дезинфекција…
Градоначалникот на Ресен Ѓоко Стрезовски се заблагодари на сите кои донираа и потсети дека и општината одвои еднократна парична помош за настраданото население.
-Ја користам оваа прилика јавно да им се заблагодарам на сите кои донираа и уште еднаш да потенцирам дека и Општината еднократно додели 100.000 денари, а советниците се откажаа од дел од својот месечен паушал. Тимови од општината и Јавното комунално претпријатие секојдневно се на работни акции во загрозените подрачја, истакна Стрезовски.
Акцијата за собирање на материјална помош на воспоставениот пункт на Црвениот крст во Ресен ќе продолжи и понатаму.Изминатите денови во собирниот пункт на Црвениот крст во Ресен, лоциран во зградата на Општина Ресен беа собрани повеќе од еден и пол тон вода, 120