Македонскиот фудбалски шампион доживеа фијаско од фудбалски натпревар против Стеауа во рамките од второто квалификациско коло за пласман во групната фаза на Лигата на Шампионите, каде нашиот тим загуби со 3-0, а можеше да биде и полошо.
Катастрофално издание на македонскиот фудбалски шампион среде Букурешт, пораз од 3-0, но резултатот не ја говори целата вистина околу овој натпревар.
Верувале или не, ШОКАНТНА е статистиката на овој натпревар, а таа вели дека Стеауа имаше неверојатни 28 шута кон голот на Вардар, од кои 11 директни. Нашиот шампион имаше само 2 шута, но ниту еден директен во голот на Стеауа.
За 1-0 стрелаше Танасе уште во 12-тата минута од мечот. Веќе во 21-вата минута резултатот гласеше 2-0, и кога сите очекуваа да заврши првиот дел, па да се скратат маките на нашиот шампион, доаѓа нов трагичен момент, 3-0, автогол на голманот Павловиќ.
Во вториот дел сепак Стеауа не успеа да погоди од изгледни прилики, па наместо Вардар да нападне и да колку толку внесе неизвесност за реваншот во Скопје, одигра уште едно бледо полувреме на „Националната Арена“ во Букурешт.
Фото: digisport.roМакедонскиот фудбалски шампион доживеа фијаско од фудбалски натпревар против Стеауа во рамките од второто квалификацис