Западот има намера пред претседателот на Русија да излезе со јасна понуда. Ќе му дозволат по надзорниот референдум во Крим да ја примат оваа област во Руската Федерација, но Путин за возврат мора да ја признае независноста на Косово. Пазар! Западните земји спремни се на рускиот претседател Владимир Путин да му го дадат Крим, а од него за возврат бараат да го признае Косово, пишува австрискиот “Дер Стандард”.
Како што е наведено од страна на весникот, западните дипломати имаат намера пред претседателот на Русија да излезат со јасна понуда. Тие ќе му дозволат по надзорниот референдум во Крим, кој ќе се одржи на 16ти март, да ја примат во составот на Руската Федерација, таа украинска област.
Од друга страна, Русија мора да го признае Косово како држава, или да го прифати волјата на населението на државата Косово за самоопределување.
Австрискиот весник во понатамошниот текст наведува дека во денешниот свет една работа е апсолутно јасна: секој кој на покажување моќ реагира повикувајќи се на меѓународното право во стартот губи.
“Дер Стандард” напоменува дека целта на Западот е да ја воспостави стабилноста во Украина, која би требало да стане западно ориентирана земја.Пазар! Западните земји спремни се на рускиот претседател Владимир Путин да му го дадат Крим, а од него за возврат бараат да го признае Косово, пишу