На каменоломот на градежната компанија Трансмет е стационирана дробилката, употребена за ископ на јаглен, а искористена од СЈО како доказ во случајот Труст, со образложение дека била со помал капацитет од условите на тендерот.Екипата на ТВ Нова го посети местото и разговараше со надлежните лица во компанијата, а се со цел, и на лице место да ги објаснат карактеристиките на машината. Ни одговорија дека оваа дробилка која беше употребена за ископ на јаглен во Суводол за потребите на РЕК Битола, е со бараниот капацитет, односно со капацитет од 600 тони на час. Тежината на дробилката е со 50 тони и е купена од страна на компанијата во 2010 година.
-Наодот на СЈО, дека Трансмет учествувала со дробилка со помал капацитет од бараното беше побиен и на Апелација. Две дробилки биле понудени на тендерот од вкупно 600 тони на час капацитет. – рече Додевски.
Освен за дробилката, пред Апелација беа побиени и останатите сомневања на СЈО. СЈО тврди дека Трансмет немало доволно механизација и кадар за да учествува на тендерот за ископ на јаглен од Суводол во Битола, но фактите презентирани пред судиите го говорат спротивното.
– Капарот бил платен, машините биле на располагање, целата јавна набавка била извршена, па поради тоа нема изигрување на јавната набавка. Се вели дека има невистинита бројка на бараните работници, се барале 30 работници, а понудувачот понудил 53 вработени, а обвинителството тврди дека на тројца вработени им бил прекинат работниот однос. И да било така, вкупниот број на работници е доволен од бараниот, па тука не може да стане збор за фалсификување на тендерот – рече адвокатот Додевски пред судии во Апелација.
За добиениот тендер од градежната компанија Трансмет соопштија дека, процесот за тендерот со ЕЛЕМ е во целост транспарентен, а го добиле компании кои ги задоволуваат бараните критериуми.Екипата на ТВ Нова го посети местото и разговараше со надлежните лица во компанијата, а се со цел, и на лице место да ги објаснат карактеристиките