Првиот Македонец кој триумфираше на Охридски Маратон, Евгениј Поп Ацев, оваа година е главен фаворит за да го одбрани трофејот на најголемата спортска манифестација во нашата држава. Имено, Поп Ацев и уште осум пливачи во машка и девет во женска конкуренција, утре точно напладне ќе се појават на стартот на јубилејното 30-то издание на Охридскиот пливачки маратон кој ќе се плива на на патеката „Климе Савин“ долга 30 километри. Македонската пливачка експедиција оваа година освен минатогодишниот победник, ја сочинуваат и Томи Стефановски и Александар Илиевски.„Бројката на пливачи за Охридскиот маратон не е таква каква што бевме навикнати изминатите години, но тоа не ја намалува неговата силина. Сите пливачи што се тука се дел од ФИНА светската серија неколку години по ред така што не очекува одлична трка. Релативно малиот број пријавени пливачи за маратонот е поради тоа што трката се поклопува со одржувањето на Летните олимписки игри во Рио каде оваа седмица се одржаа десеткилометарските пливачки маратони. Би сакал да нагласам дека Светската пливачка федерација секоја година со највисоки оценки го оценува Охридскиот маратон и му дава посебно место во календарот маратонски трки, изјави Јане Карајованов, техничкиот делегат на Македонската пливачка федерација.
Карајованов исто така истакна дека дека оваа година Охрид заедно со Наполи и Сен Жан во Канада се градовите кои и покрај намалениот интерес за учество не ги откажаа своите маратонски трки и притоа на јавноста и откри дека Пливачката федерација на Македонија планира воведе новитет во маратонското плива во Македонија со воведување на 10 километарска трка на Охридското Езеро.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасевски рече дека влогот на многумина изминатите 30 години придонесе и Охрид и Република Македонија да бидат промовирани на меѓународната спортска сцена особено во светското пливање, оставајќи притоа траен белег во спортот.
„Агенцијата во континуитет е најголемиот финансиски поддржувач на манифестацијата, а оваа година од буџетот се издвоени 400 илјади денари за организација на јубилејното маратонско издание. Сите години наназад покажавме дека Охрид и Македонија може да биде одличен огранизатор на врвни спортски манифестации од меѓународен карактер“, рече тој.
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески истакна дека овој голем спортски настан претставува еден од најдобрите промотори на охридската спортска и туристичка понуда.
„Градот Охрид ги ангажира и мобилизира сите субјекти и институции за организација и непречено одвивање на ваква престижна спортска манифестација. Охрид и оваа година активно се вклучува во техничката организација на јубилејниот маратон, за беспрекорно одвивање на трката, рече тој повикувајќи ги охриѓани и гостите во градот масовно да ги подржат маратонците и да ги мотивираат за што подобри резултати“, изјави Бакрачески.
Првите маратонци на целта кај Градското пристаниште во Охрид се очекува да пристигнат некаде пет и половина часа подоцна. Рекордот на 30 километри долгата патека го држи Рејмонд Аксел од Франција со резултат (5:09:54) постигнат во 2013 година.
Фаворити за победници на маратонот освен нашиот Поп-Ацев се и Едуардо Стокино од Италија, Дамиен Блаум од Аргентина и Томи Стефановски од Македонија.
Охридскиот маратон што се одржува под покровителство на претседателот на Република Македонија, е редовна трка од „Гран-при“ серијата на Светската пливачка федерација (ФИНА) и е најголемата меѓународна спортска манифестација во земјата.</>
Наградниот фонд на маратонот во Охрид изнесува десет илјади долари. Организатор е Меѓународната пливачка федерација (ФИНА), додека техничката организација е на Македонската пливачка федерација, со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и Општина Охрид.„Бројката на пливачи за Охридскиот маратон не е таква каква што бевме навикнати изминатите години, но тоа не ја намалува неговата силин