На 13 август 1951 година биле убиени петте струмички студенти, убиени биле блиску селото Орманли на планината Беласица, до границата кон Грција.Тогаш се убиени, Мирко Пецев, Ѓорги Јармов, Ѓорги Костуранов, Борис Белев и Стево Топчев. Млади луѓе, од 20 до 23 год. старост. Нивната идеја била слободна, независна Македонија. Идеја која не и се допаѓала на тогашната власт.
Убиени се со по два куршума, еден во градите, еден во челото. Вечерта, тие се собрани од игранка во Градскиот парк, однесени се на Беласица, и – егзекутирани.
По овој повод денес се одржа панихида во нивна чест, а попот кој ја водеше службата испрати јасни и недвосмислени пораки, во духот и идејата на петте студенти!
„Проклет да биде секој кој ќе се дрзне за јазикот, кој ќе се дрзне за нацијата, кој ќе дрзне за Република Македонија. Проклет да биде кој ќе се чепне таму. Проклет да биде кој ќе се чепне за тие три работи!“
Тогаш се убиени, Мирко Пецев, Ѓорги Јармов, Ѓорги Костуранов, Борис Белев и Стево Топчев. Млади луѓе, од 20 до 23 год. старост. Нивната идеја