Апелацискиот суд во Белград ја потврди првостепената пресуда за свештеникот Милован Џ. од Ковин (58) и го осуди на пет години затвор затоа што во 2014 година извршил обљуба на 13-годишно девојче.Малолетничката В.П. (15) кога била обљубена имала 13 години и пеела во црковниот хор. Неколку месеци пред тоа Милован Џ., ја повикал да му помогне во црквата, а за тоа и ветил дека ќе ѝ плати.
„Бабата и дедото на девојчето забележале дека чудно се однесува и ја притискале да каже што се случува, а таа ка крајот ѝ се доверила на тетка си на која ѝ кажала дека на 1 јануари свештеникот ја намамил во свечената сала и ја силувал“, изјавил за српски „Блиц“ извор близок до истрагата.
„Вториот пат кога се обидел да ја силува бил пијан, па таа успеала да побегне“ додава тој.
Таа на сослушувањето била потресна, а на инспекторите им раскажала што ѝ рекол блудниот свештеник по насилничкиот чин.
„Ѝ рекол на никого да не каже за силувањето затоа што и така никој нема да ѝ верува, а по обљубата ѝ дал благослов, а потоа ѝ рекол дека е многу паметна“ завршува изворот.
Од СПЦ изјавиле дека свештеникот ќе биде расчинет доколку обвинувањата се покажат како точни. Гинеколошкиот преглед потврдил дека девојчето ја говорело вистината.Малолетничката В.П. (15) кога била обљубена имала 13 години и пеела во црковниот хор. Неколку месеци пред тоа Милован Џ., ја повикал да му пом