Поп Ставрева афера

Една од многуте афери на Организацијата во која се осудени и затворени голем број на револуционери Битолската провала (позната и како Попставрева афера)  — една од поголемите афери со кој се соочила Македонската револуционерна организација во 1900 г., а последиците од неа биле значителни, голем дел од истакнатите раководители биле уапсени и затворени, а тоа влијаело врз организациската дејност. Оваа провала била резултат на предавството на поп Ставре, кој одбивајќи да ги вложи во касата на Организацијата бараните 30 лири прилог, случајот го пријавил во полицијата. Ваквиот чин на предавство бил осуден од Организацијата, а поп Ставре набрзо бил погубен од Битолскиот комитет.
Поп Ставре бил Пелагониски егзархиски архиерејски заменик и спаѓал во групата егзархиски великодостојници кои имале непријателски став кон целите и дејствувањето на Македонската револуционерна организација.
Судскиот процес на обвинетите во врска со Попставревата провала се одржал во текот на месец март 1901 година во Битола во циркуски шатор.  Во текот на судењето обвинетите се држеле достоинствено, ништо не признале и ги негирале сите признанија од истражната постапка. Дури и Трајко Петков кој пукал во поп Ставре и кој бил идентификуван од ранетиот, одрекувал било каква поврзаност со тој чин.
Од вкупно 22 обвинети, 12 биле осудени, од кои двајца во отсуство, а 10 лица биле ослободени од обвинението. Трајко Петрев бил осуден на смрт, а на доживотна робија Глигор Димев и Петар Димев, пет лица добиле казна робија на 10 години, двајца на 3 годишен и двајца на двегодишен затвор.
Она што посебно ги импресионирало сведоците на судењето и посебно на чинот на изрекувањето на пресудата, на кој присуствувале и австроунгарскиот и романскиот конзул, било достоинственото држење и високиот морал на осудените. Помеѓу осудените на десетгодишна робија бил и Даме Груев кој својот престој во битолскиот затвор, пред очите на корумпираните чувари, го искористил во засилена револуционерна дејност.Битолската провала (позната и како Попставрева афера)  — една од поголемите афери со кој се соочила Македонската рев

Пронајдете не на следниве мрежи: