Поплавени куќи во охридско

После обилните дождови во текот на вчерашниот ден, поплавени се десетина куќи во селото Косел и уште толку на улицата Железничка во Охрид. Граѓаните чии домови пливаат во вода цела ноќ сами се бореле со поплавата, а првите булдожери за расчистување се појавија денес на пладне- објави порталот Охрид 1. – Дење и ноќе беа во изборите овде. Доаѓаа многу пати, а сега не дојде никој. ЈАс лично им собрав 40 гласа на последните избори, сите куќи овде гласавме за нив и сега каде се ? Нема никој. Мислам да се обратиме и Скопје за ова – вели жител на Железничка чија куќа плива во вода.
Тие велат дека во дворовите и домовите им се излеала и фекална канализација.
Од Локалната самоуправа велат дека Кризниот штаб излегол на терен и почнале да помагаат.
„Кризниот штаб и јавните претпријатија на Општина Охрид викендов се постојано на терен и се санираат последиците од невремето кое го погоди регионот. Екипите го чистат коритото на Коселска река на потегот кој е блокиран од ѓубре и дрвја. Се работи на санирање на овој дел и на делумно проширување за да се овозможи нормален проток на водата. Екипи на МЈП Проаква се на терен на потегот на Булевар Железничка каде исто така се санираат настанатите штети од поплавите предизвикани од обилните врнежи на дожд, кои според последните мерења се искачија до над 13 литри на м2. Екипите на Јавните локални претријатија вчера ги санираа и оштетувањата од паднатото дрво кај црквата Св. Софија а претходно е помогна и при двете опожарени куќи во Месокастро.“ – стои во дописот од Локалната испратен до медиумите. 
– Дење и ноќе беа во изборите овде. Доаѓаа многу пати, а сега не дојде никој. ЈАс лично им собрав 40 гласа на последните избори, сите куќи овде гла

Пронајдете не на следниве мрежи: