Доколку сè беше во ред, доколку не беше блокадата и спорот со името, ние веќе ќе бевме дел од ЕУ, вели министерот за надворешни работи Никола Попоски кој гостува во „Отвореното студио“ на ТВ Нова.-Градиме мерки за доверба со соседите. Не може да имате лоши односи со земја во која половина од граѓаните одат на годишен одмор. Тие имаат интерес. Но, во крајна линија надвор од овие трговски и туристички мостови, успеавме да направиме мостови за соработка и на други полиња. Ние ја почнавме бегалската криза со препукувања, но денеска секојдневно комуницираме, вели Попоски.
Тој додава дека нашиот интерес е членството во ЕУ и НАТО, како и дека намерите ни се јасни, не правиме нешто за да направиме некого среќен, си го гледаме нашиот интерес.
-ЕУ е клуб на најсреќни и најпросперитетни земји. Секако е подобро да сме дел од овој клуб отколку надвор од него. Немам дилема дека ќе бидеме дел од ЕУ и НАТО, но никој нема да ни каже предвреме кога би било тоа. Нашата порака беше дека мораат да постапуваат онака како што постапувале порано. Би било добро да има една ориентациона рамка, вели Попоски.
Тој појаснува дека во Брисел многу го земаат во предвид искуството со претходните проширувања.
-Треба да се посветиме на оние работи кои можеме сами да ги решиме или промениме. На крајот на денот треба да не се направи простор за изговори или наведување на причини, вели Попоски.
-Градиме мерки за доверба со соседите. Не може да имате лоши односи со земја во која половина од граѓаните одат на годишен одмор. Тие имаат интерес