Шефот на македонската дипломатија и вицепремиер Никола Попоски денеска во Потсдам на маргините на неформалниот состанок на шефови на дипломатиите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа разговарал со своите соговорници за процесите на евроинтеграции по политичкиот договор за одржување на вонредните избори на 11 декември.Попоски очекува од ОБСЕ како организација под капата на која работи ОДИХР (Канцеларијата за демократски институции и човекови права) да обезбеди соодветен мониторинг на изборите за коишто вчера македонските политички партии постигнаа договор да се одржат на 11 декември.
– Со европските колеги, пред се разговаравме за европската агенда и за она што е значајно за нас, односно за поголема поддршка, за поголема динамика во евроинтеграциите, елиминирање на проблемот којшто досега беше генериран од политичката криза, односно спроведување на успешни избори. За ова очекуваме да ја добиеме поддршката и преку набљудување на повеќето европски организации но пред се од ОДИХР која функционира во рамки на ОБСЕ и која би направила оценка за квалитетот на спроведениот изборен процес, вели министерот Попоски во изјава за МИА.
Темата мониторинг на изборите закажани за декември се појави како проблем откако неофицијално ОДИХР најави дека постојат буџетско – финансиски проблеми за соодветен мониторинг на македонските избори ако тие се случат оваа година, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Попоски одби директно да ги коментира внатрешните работи на ОДИХР, но вели дека Македонија ќе направи се што е потребно за изборите да бидат спроведени во фер и демократска атмосфера согласно законските правила и меѓународни стандарди при што ќе нема можност било која политичка сила да бара изговори за слабиот резултат во изборниот процес.
– Со нашите европски партнери разговаравме за позитивното очекување од договорените избори кои што треба да се случат во Република Македонија. Кај нив постои согласност дека изборите се единствениот и најдобриот пат за излегување од долгорочната политичка криза во Македонија која ни нанесе прилично голема штета во поглед на европските интеграции. За оваа цел работиме заедно со партнерските земји да обезбедиме поголемо присуство на ОДИХР за набљудување на овие избори како би се елиминирале сите можни изговори во овој контекст, изјави Попоски.
Предвидените средства за мониторинг на изборите во Македонија ОДИХР/ОБСЕ биле потрошени на почетокот на годинава кога пред изборите закажани за јуни, набљудувачите на ОДИХР пристигнаа и беа подготвени за изборен мониторинг.Попоски очекува од ОБСЕ како организација под капата на која работи ОДИХР (Канцеларијата за демократски институции и човекови права) да обезбеди со