Попоски: Меѓупартискиот договор да се испочитува, тоа е клучно за надворешната политика на Македонија

Loading...

Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска изјави дека вчера постигнатиот меѓупартиски договор е важно да се испочитува, бидејќи тоа е клучно за надворешната политика на Македонија и ќе значи позитивна препорака од ЕУ.-Претрпевме преголема штета од политичката криза во изминатиот период и мислам дека секој исчекор кон намалување на неизвесноста и некоја поголема видливост за тоа кога би можеле да одржиме избори е позитивна работа за Република Македонија, смета Попоски.
Според него, сега е важно договореното да се испочитува, што е клучно за надворешната политика на Македонија и позитивна препорака од ЕУ.
– Од друга страна треба да бидеме свесни дека немаме проблем со луѓе кои имаат проблем да се договорат, проблемот е повеќе да го одржат она што се договориле. Позитивен сигнал е во однос на ЕУ, бидејќи очекуваме извештај за напредок во октомври, а без договор за избори веројатно тој извештај би бил многу понегативен. Ние правиме се што можеме за препораката да остане, рече Попоски.
Истакна дека договор не е доволен за препорака, туку важно е тој да се спроведе во пракса.
– Тоа зависи и од развојот на настаните во следниот период. Со други зборови, многу побитно ќе биде тоа што е договорено да се спроведе во пракса и затоа мислам дека треба да апелираме до сите, вклучително и оние чинители кои во изминатиот период покажаа дека може да се договорат, а да не спроведат тоа што се договориле, да се обидат сега да излезат од таа матрица, бидејќи штетата ќе биде преголема за цела држава, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски.-Претрпевме преголема штета од политичката криза во изминатиот период и мислам дека секој исчекор кон намалување на неизвесноста и некоја поголема

loading...