Попоски: На 11 декември овој народ ќе заокружи за светла иднина

Претставува чест и задоволство на овие избори да испратиме во историјата некои деструктивни ликови и потенцирам дека во изминатиот период немаше желба која не им ја исполнивме и затоа на 11 декември народот треба да донесе две одлуки. Прво онаа најбитна онаа која се однесува на нашето семејство, нашите најблиски, а втората онаа во каква држава сакаме да живееме, изјави вечерва во Центар Никола Попоски носител на ИЕ 1.-Генерално СДСМ направи многу зулуми, затворија фабрики и избркаа луѓе од работа, а ние не го правиме тоа и имаме друга агенда, да го намалиме загадувањето, да го намалиме сообраќајниот метеж, набавка на 50 електрични автобуси за град Скопје, 3 нови локомотиви, субвенционирање на луѓето кои сакаат да се греат на пелети. Изградба на нова болница, реконструирање на досегашните болници, како и стипендирање на најдобрите 100 студенти, програмата предвидува и само вработување, зајакнување на спотот, градење на спортски игралишта и терени, но сето ова не е доволно и затоа ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период прифати критика и сето она што не е направено се обидовме да го направиме и ќе го направиме во иднина бидејќи Македонија тоа го заслужува.
Тој потенцираше и дека не треба да го заборавиме фактот дека ова време е привилегија да живееме како слободни Македонци, ние 20 години живееме независни и слободни за разлика од минатото. Привилегија е да имаме своја држава, јазик и да го цениме тоа што го имаме, рече тој.
-Затоа оние кои го потценуваат народот и ја виткаат кичмата треба да ги пратиме во историјата бидејќи таму им е местото. Нашиот народ е мудар и знае што е добро за нив, знае кој сака да ја предводи Македонија во иднина, затоа со пенкало во рака на 11 декември овој народ ќе заокружи за светла иднина, истакна Попоски.-Генерално СДСМ направи многу зулуми, затворија фабрики и избркаа луѓе од работа, а ние не го правиме тоа и имаме друга агенда, да го намалиме зага

Пронајдете не на следниве мрежи: