Министерот за надворешни работи Никола Попоски учествувaше на панел-дискусијата на тема „Дали Европа има потреба од нов пристап кон миграцијата,” што се одржа во Лондон во организација на Кралскиот институт за меѓународни односи, „Чатам Хаус“.Министерот за надворешни работи Никола Попоски учествувaше на панел-дискусијата на тема „Дали Европа има потреба од нов пристап кон миграцијата,” што се одржа во Лондон во организација на Кралскиот институт за меѓународни односи, „Чатам Хаус“.
На настанот се дискутираше за актуелните прашања и предизвици со кои се соочува Европа во светло на мигрантската криза, со осврт врз ангажманот на владите и останатите релеватни чинители во справувањето со истата. Фокусот на дискусиите се однесуваше на можните решенија и евентуалниот нов пристап во менаџирањето на хуманитарниот, безбедносниот и останатите аспекти на мигрантската криза, соопшти Министерството за надворешни работи.
Министерот Попоски истакна дека и покрај сите предизвици Република Македонија успешно се справува со мигрантската криза.
– Република Македонија има активен придонес кон заедничките напори на ЕУ за редуцирање на нелегалниот наплив на бегалци. Делувавме согласно договореното на ниво на ЕУ и како земја кандидат демонстриравме капацитет на одговорен партнер, потенцираше министерот Попоски.Министерот за надворешни работи Никола Попоски учествувaше на панел-дискусијата на тема „Дали Европа има потреба од нов пристап кон миграција