Попоски на средба со делегација на ПССЕ за проценка на изборната кампања

Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска се сретна со делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) за проценка на изборната кампања и политичката состојба во Македонија.Делегацијата на ПССЕ, во пресрет на предвремените парламентарни избори, закажани за 11 декември 2016 година, е предводена од австрискиот пратеник Стефан Шенах.
На средбата, како што се наведува во соопштението на МНР, биле разменети мислења за престојните избори и очекувањата од нив. Биле изразени очекувања за добар изборен процес и била истакната важноста од спроведување фер и демократски избори.
Попоски, како што се наведува, ги повторил позитивните искуства од мониторингот на бројни изборни циклуси во минатото од страна на релевантните меѓународни организации и во овој контекст ја истакнал и улогата на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
 Делегацијата на ПССЕ, во пресрет на предвремените парламентарни избори, закажани за 11 декември 2016 година, е предводена од австрискиот пратеник С

Пронајдете не на следниве мрежи: