Попоски: Ние сме единствен гарант дека Македонија може да биде европска земја

Со СДСМ не се согласуваме со многу работи, но се согласуваме со едно. Дека мора да ја спасиме Македонија, но од такви луѓе како Заев и тајфата како што е неговата, порача носителот на ИЕ 1 пратенички листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Никола Попоски.Попоски истакна дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ најдобро го прави е решавање на најбитните проблеми на граѓаните, отворање на нови работни места, подобрување на инфраструктурата, носење на инвестиции, да ја направиме Македонија подобро место за живеење.
-Веројатно сите се сеќаваат дека сме броеле колку фабрики СДСМ ќе затворат колку неуспешни проекти ќе имаат. Во 2016 во Кисела Вода работеле 15 000 лица. И бројката од 10 000 невработени е падната на 4 000 невработени тоа е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и на сите им е јасно. Ние сме луѓе борци, не сме задоволни што сме направиле огромна разлика во отворање на нови места и инвестиции. Не води мотивот за една инвестиција повеќе, рече Попоски.
Околу проектите има многу што да зборуваме, рече Попоски, и најави се што ќе се направи во општината со програма Реално.
-Ќе градиме тениски терени и повеќенаменски игралишта. 100 нови градинки од кои 4 во Кисела Вода. До 2020 имаме план за изградба на 363 станови и куќи за лица во со ризик и други ранливи  групи. Повеќе проекти се предвидени во патна инфраструктура, како и нова училиштана спорта,  повеќенаменско игралиште и во Пинтија и повеќе други спортски терени. Ова го спомнувам од аспект што нашите опоненти ветуваат се и сешто без да пресметаат ниту имаат намера да го реализираат. Сметаат дека лесно може да го излажат народот, рече Попоски.
Во 2006 само 650 000 вработени имаше во Македонија, денес има 720 00 луѓе кои работат, тоа е разлика од 160 000 луѓе.
-Ние сме единствен гарант дека Македонија може да биде европска земја. Верувајте ми од сите луѓе со кои имам разговарано во Европа, не рекле дека сакаат да имаат влади кои не се способни сами да работаат и други да им ги решава проблемите. За сите овие работи Заев и тајфата велат дека други треба да решаваат, сметаат дека некој од надвор треба да ни кажува. Сакам да кажам дека Македонија ќе ја биде поуспешна и побогата и со повеќе вработувања и инвестиции без свитканата кичма, горда, убава и победничка Македонија, заклучи Попоски.Попоски истакна дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ најдобро го прави е решавање на најбитните проблеми на граѓаните, отворање на нови работни места, подобрува

Пронајдете не на следниве мрежи: