Опозицијата треба да гарантира дека нема во последен момент да го смени ставот и да не излезе на избори, изјави за ТВ Нова министерот за надворешни работи и вицепремиер на Владата Никола Попоски.-Се користат изговори како причина за можно избегнување на избори. Тоа не се проблеми, туку, изговори, бидејќи не би влијаеле на изборниот резултат. Не би можел во моментов да кажам кога би можеле сите работи да се договорат, но можам да кажам дека тоа ќе се случи во догледно време. Потоа ќе се сведе сè на едно прашање, односно, гаранции дека договорениот термин за избори ќе биде конечен и дека ќе нема повторно менување на ставот, изјави Попоски.
Тој потенцира дека очекувањата на помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд се дека единствениот начин на кој би можеле да ја надминеме е преку избори.
-Тема на разговор на средбата беа надворешно политичките предизвици, но и домашната ситуација. Во делот на надворешната политика, се разбира дека во интерес на САД е што поскоро да се интегрира, што е можно повеќе од Балканскиот полуостров во НАТО, а Македонија е една од земјите која дефинитивно треба да биде дел од тоа. Ситуација на овој план нема никаква промена, поради неоснованата блокада од страна на Грција, но и домашната криза која не ретко се споменува и во овој контекст. Во делот на политичката ситуација во земјава очекувањата се дека единствениот начин на кој би можеле да ја надминеме е преку избори. Впрочем, сите напори на тој план се концентрирани на обезбедување на одржување на избори, и неможност да се повтори она од минатата пролет, каде што во два наврата имавме нивно одложување, изјави Попоски.
Според него, продолжена политичка криза во никој случај не и одговара на Македонија, како и дека има услови за одржување на избори.-Се користат изговори како причина за можно избегнување на избори. Тоа не се проблеми, туку, изговори, бидејќи не би влијаеле на изборниот резултат