„ВМРО-ДПМНЕ и „Коалицијата за подобра Македонија“ одат со конкретна програма, која произлегува од реалните потреби на нашите граѓани“, истакна Никола Попоски, носител на листа во ИЕ 1.Тој посочи дека и со оваа програма ќе бидат фокусирани и посветени кон најзначајните делови на нивното дествување. Тој додаде ново зголемување на пензиите за вкупно 10,25 посто која ќе се случи во следниов мандат, вториот домен ќе бидат условите во здравството, реконструкција на општата Градска болница „8-ми септември“, како и клиниката за хирушки болести во вредност од шест милиони.
„Пред се, посветени сме на потребите на граѓаните, ние сме партија, коалиција која е препознатлива по тоа што одиме со програма која овој пат е најразработена, најдетална, реална, која произлегува од граѓаните, и е направена за граѓаните“, појасни Попоски.
Тој додаде дека и во овој случај граѓаните знаат да препознаат квалитет, знаат кој е подготвен да дава ветувања кој се реални, а потоа и да ги реализира.
Тој посочи дека и со оваа програма ќе бидат фокусирани и посветени кон најзначајните делови на нивното дествување. Тој додаде ново зголемување на п