Попоски оствари средба со делегација на Парламентарното Собрание на НАТО

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска имаше средба со делегација на Парламентарното Собрание на НАТО.На средбата, како што соопшти МНР, станало збор за процесот на евро-атлантските интеграции на Република Македонија, напредокот во реформите, при што беше потврдена силната посветеност и подготвеност на Република Македонија за влез во Евро-атлантското семејство.
Министерот Попоски нагласил дека политичкиот и општествениот консензус за евро-атлантско интегрирање на земјата е континуиран процес. – Полноправното членство на Република Македонија во НАТО и во Европската унија, како и развојот и унапредувањето на добрососедските односи, претставуваат стратешки и долгорочни цели на надворешната политика на Република Македонија, истакнал министерот.
Средбата, како што е наведено во соопштението, претставувала можност посебно да бидат нагласени остварените внатрешни реформи, придонесот во изминатите 14 години во рамки на Мисијата во Авганистан каде Македонија е еден од најголемите контрибутори per capita, силната посветеност во борбата против меѓународниот тероризам и обезбедувањето на глобалниот мир и стабилност, како и споделувањето на заедничките одговорности со земјите членки на НАТО.
Во тој контекст, соговорниците размениле мислења и за политичко безбедносната состојба во Евро-атлантскиот регион, како и за подрачјата кои се соочени со безбедносни предизвици.
Оваа посета, на делегацијата на Парламентарното Собрание на НАТО на Република Македонија, се реализираше во период пред одржување на Самитот на НАТО Алијансата (8-9 јули 2016 година) во Варшава, Полска.На средбата, како што соопшти МНР, станало збор за процесот на евро-атлантските интеграции на Република Македонија, напредокот во реформите, при шт

Пронајдете не на следниве мрежи: