Попоски: Откочување на евроинтеграциите за внатрешна стабилност

 
Преку откочување на евроинтеграциските процеси ќе се постигне поголема внатрешна стабилност, а ЕУ треба да го направи членството за Македонија достижно, истакнал македонскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Никола Попоски на денешниот состанок на делегацијата на Европскиот парламент во Мешовитиот парламентарен комитет Македонија-Европска Унија, што се одржува во Стразбур.На состанокот, со кој претседаваше европратеникот Алојз Петерле, во присуство на известителот за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл, и претставник од Европската комисија беа разменети мислења за актуелната политичка ситуација во Македонија, како и за актуелни прашања поврзани со европскиот интегративен процес.
Како што соопшти Министерството за надворешни работи, Попоски на состанокот укажал дека голем дел од причините за длабоката политичка криза се поврзани со недостигот од јасна перспектива за европската интеграција на Македонија. Со сигурност,  потенцирал Попоски, и решенијата што треба да ги бараме во следниот период лежат во враќање на кредибилноста и отпочнување на преговорите за идно членство на Македонија во ЕУ.  Без тоа, навел министерот, многу тешко може да се надминат и тековните внатрешни предизвици.
– За решение на политичката криза кое ќе биде одржливо, мора да се знаат и правилата на игра во иднина. Правилата мора да се однесуваат и на изборот на Претседател на Собранието на Република Македонија, принципите за формирање Влада и спроведувањето на избори. Покрај оваа домашна работа, неопходно е и ЕУ конечно да го направи членството за Македонија достижно, истакнал шефот на македонската дипломатија.
Состанокот со европратениците од Мешовитиот парламентарен комитет Македонија – ЕУ се одржа во пресрет на претстојната дискусија на Пленарна сесија на Европскиот парламент за Резолуцијата за Македонија на известителот Иво Вајгл.
Попоски во Стразбур имаше и одделни средби со повеќе европратеници, а се сретна и со генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, информира.На состанокот, со кој претседаваше европратеникот Алојз Петерле, во присуство на известителот за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл, и п

Пронајдете не на следниве мрежи: