Попоски: Ова ќе биде клучна победа за излез од кризата и реализација на проектите

Оваа победа ќе биде клучна и од исклучително значење, да ја надминеме кризата и оваа победничка гарнитура да продолжи со реализација на проектите, со носењето на странски инвестиции и намалувањето на невработеноста, рече во својот говор носителот на листата во ИЕ 1, Никола Попоски.-Првата клучна победа ќе биде на 11 декември, затоа што треба да одлучиме на кого ќе му ја дадеме довербата во овие тешки историски моменти, дали е тоа Никола Груевски, листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија или пак да му ја оставеме иднината на еден тим на луѓе кои како што многумина спомнаа мака имаат да состават листа не пак да водат држава, тоа е дилемата. Да излезиме да гласаме и потоа мирно наредниот ден да ги дочекаме резултатите и дека овој тим добил мнозинство од 63 пратеници во Собранието на Република Македонија. Втората победа е победа над кризата, ние треба да ја затвориме таа страница, да ја сместиме во историјата таму каде што припаѓа и да испратеме многу јасна и недвосмислена порака на луѓе кои се родени деструктивци, ништо конкретно не направиле, а за се знаат како треба и што треба да сторат, на луѓе на кои интриганството им е примарна дејност, а после се останато па и политиката. Третата, третата веројатно најбитна победа ќе биде она што во овој тим предводен од Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија веднаш потоа ќе продолжат со носењето на странски инвестиции и отварањето на вови работни места. Само во изминатиот период овој тим на подрачјето на Скопје има отворено 70.000 нови работни места, истакна во својот говор носителот на листата во ИЕ 1, Никола Попоски
-Првата клучна победа ќе биде на 11 декември, затоа што треба да одлучиме на кого ќе му ја дадеме довербата во овие тешки историски моменти, дали е

Пронајдете не на следниве мрежи: