Попоски се приклучи во меѓународната кампања против насилство врз жените

Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски се приклучи во одбележувањето на 25 ноември, Меѓународниот ден за елиминација на насилството против жените во рамки на меѓународната кампања за подигнување на свеста „16 дена активизам против насилство врз жените и семејно насилство“.Попоски, како што информира МНР, истакнал дека насилството врз жените и девојчињата претставува грубо кршење на човековите права – правото на живот, безбедност, дигнитет и психичка и психолошка благосостојба. За да се спречи овој вид на насилството, како што се наведува, сите треба да соработуваме како на национален, така и на меѓународен план.
Попоски истакнал дека учеството во оваа кампања ја потврдува определеноста на Република Македонија за заштитата и унапредување на човековите права и слободи, кои претставуваат неизоставен дел од развојната агенда на ОН и Партнерството за одржлив развој: Стратегијата на ОН 2016-2020, договорена меѓу Владата на Република Македонија и агенциите на Обединетите нации.
Тој ги повикал присутните да преземат активности, не само во текот на овие 16 дена, туку да се заложат за континуиран ангажман, за запирање на родовото базирано насилство.
– Република Македонија како одговорен член на семејството на Обединетите нации останува посветена да работи на елиминација на сите форми на насилство врз жените и девојчињата, унапредување на нивната економската состојба, со што ќе се придонесе за унапредување на родовата еднаквост и воедно реализација на 2030 – Агендата за одржлив развој, се вели во соопштението од Министерството за надворешни работи.Попоски, како што информира МНР, истакнал дека насилството врз жените и девојчињата претставува грубо кршење на човековите права – правото на

Пронајдете не на следниве мрежи: