Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи, Никола Попоски, денеска оствари средба со делегација на подмладокот на Христијанско – демократската унија на Германија (ЦДУ) во организација на Фондацијата Конрад Аденауер (КАС).ЗПВРМ и МНР Попоски ја истакна важноста на улогата на младите како движечка сила за подобрување на политичките процеси на регионално и глобално ниво, како и клучен фактор за промоција на универзалните вредности за подобар и поквалитетен живот.
Во тој контекст ја истакна важноста за пораст и развој на економијата во национални рамки, како и што поскорешна евроатланска интеграција за отворање нови можности за вработување на младите во Македонија. За особено важни ги истакна реформите во образовниот систем, приближувајќи ги теоријата со практиката, нешто на што Република Македонија почнува да работи интензивно, за да креира кадри, согласно побарувачката на пазарот на труд.
Вице-премиерот се осврна и на плодната македонско-германска соработка низ годините, потенцирајќи ја важноста што Република Македонија ја придава кон негување и натамошно унапредување на врските на партнерство и пријателство. Од германска страна, успешното менаџирање на мигрантската криза, беше оценето како еден од адутите, кои Република Македонија ја прават рамноправен иден член на европското семејство.
Особен интерес од страна на младите беше искажан во насока на големиот број германски компании кои досега инвестирале во Република Македонија, истакнувајќи го континуираното подобрување на бизнис климата, за што потврдува и последниот извештај на Светска банка „Доинг Бизнис“.
Попоски истакна дека соработката помеѓу двете земји е од особена важност, имајќи го в предвид фактот дека СР ГЕрманија е прв најголем трговски партнер на Република Македонија.ЗПВРМ и МНР Попоски ја истакна важноста на улогата на младите како движечка сила за подобрување на политичките процеси на регионално и глобално нив