Политичката криза без сомнение го усложнува патот на Македонија кон ЕУ, но многу помалку се говори за неправедното одложување на преговорите за членството во Унијата, истакнува шефот на дипломатијата Никола Попоски во интервју за бугарски Стандарт.„Го усложнува патот кон ЕУ без сомнение. Многу помалку се говори за неправедното одложување на преговорите за членство во ЕУ со Македонија. Речиси и да се заборава. Многу повеќе се презентираат драмите поврзани со политичкиот судир дома. Покрај тоа што политички судири се регионален спор број еден. Без дилема не чини многу скапо. Лично сум уверен дека и ова ќе се надмине и ќе излеземе посилни. Но решенијата мора да си ги најдеме само со домашни средства. Никој надвор нема да ни помогне, ако не си помогнеме самите“, вели Попоски.
Во однос на тоа кога може да се очекува во земјата да се организираат избори, министерот потенцира дека што поскоро се направи, тоа подобро за државата.
„Не можам точно да кажам ден кога ќе го постигнеме договорот за изборите. Знаеме дека ќе се случи. Што поскоро, подобро. Побитно е да се спречи спиралата на нестабилност и да се задржи фокусот на реформи кои треба да се водат без разлика кој што мисли за политичката ситуација. Тие се обединетелен фактор. Парламентарното мнозинство има стабилна поддршка и визија за натаму“, вели тој.
Запрашан пак околу тоа кога очекува финализирање на Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија, Попоски вели дека побитно е како ќе се дојде до овој договор, а не кога ќе се дојде до него.
„Многу побитно од самиот договор е начинот на кој ќе дојдеме до него. Дали ќе биде вежбање на мускули или фер договор меѓу партнерски земји. Досегашниот пристап охрабрува. Од двете страни се трудиме да ги разбереме грижите на другиот на отворен начин. Историски, во Македонија имаме чувство дека кога соседите ни бараат нешто, сакаат да ни ја земат душата. А ние сме народ со достоинство и не сме воодушевени кога добиваме таков впечаток. Верувам дека можеме да успееме. Рокот не треба да е приоритет, туку нашето партнерство во ЕУ рамки. Широчината со која разговараат луѓето во работните групи од двете страни е добар сигнал за процесот“, вели Попоски во интервјуто за Стандарт.„Го усложнува патот кон ЕУ без сомнение. Многу помалку се говори за неправедното одложување на преговорите за членство во ЕУ со Македонија. Р