Со оглед на ситуацијата, реалноста и сериозноста на коридорот југ-север преку кој сите мигранти влегуваат во Грција од Турција и го продолжуваат својот пат кон север, морам да кажам дека во 2016 напредувавме во ситуација во која имаме соработка, додека во 2015 немавме никаква соработка, изјави македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.На прес-конференцијата по завршувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на Македонија, Грција, Бугарија и Албанија во Солун, Попоски нагласи дека годинава со Грција се воспоставени канали за комуникација, има сериозно подобрување на двете страни кај министерствата за внатрешни работи и воспоставени се дипломатски канали кои комуницираат за овие прашања.
– Тоа не значи автоматски дека се ќе биде решено, но мораме да бидеме внимателни затоа што се уште и денес, активисти, НВО и трговци со луѓе соработуваат преку границите на полесен начин од државните инситуции, истакна Попоски.
На новинарско прашање дали и во колкава мера миграциската криза има влијание врз односите на четирите земји и воопшто во регионот, шефот на македонската дипломатија рече дека поради реалноста на терен миграциската криза нема исто влијание врз односите со Бугарија и Албанија, во ист степен како што има со Грција, на чија граница со Македонија има десетици илјади мигранти.
– Значи паралелата не може да се повлече на сите страни. И очигледно е полесно да се соработува со двата наши соседи со кои (на границите) немаме многубројни мигранти кои влегуваат кај нас, рече Попоски и додаде дека за разлика од 2015 година, годинава „напредувавме во ситуација во која имаме соработка“.
Македонскиот министер смета дека ваквите состаноци се добар формат за справување со миграцијата и е добар начин на кој четирите земји можат да се справуваат и со други прашања во иднина.
– Една од пораките кои ги испраќаме од овие состаноци е дека ќе ги координираме нашите напори, ќе се обидеме да избегнеме да имаме решенија кои се на сметка на само една држава и во овој случај мислам дека треба да испратиме јасна порака, тоа е наша улога, така го гледаме од македонска перспектива, дека треба да испратиме јасна порака оти патот преку Балканот за мигрантите нема да ја види истата еволуција како што беше во 2015, истакна Попоски.
Но, од друга страна, додаде тој, Грција не треба да се остави сама да се справува со десетици илјади мигранти кои сега се наоѓаат на грчка територија и за тоа мора да се работи на реадмисија и релокација. Поздравувајќи го присуството на претставник на холандското предателство со ЕУ на состанокот, Попоски истакна дека сите треба да се фокусираат оваа ситуација да не потрае подолго.
– Постои план на ЕУ, можеби не е совршен, но дефинитивно е единствениот кој го имаме на маса и секој од нас треба да се потруди да функционира, рече македонскиот министер.
Тој заврши со тоа што нагласи дека билатералните односи меѓу четирите земји ќе продолжат и надвор од миграциската криза.
– Миграциската криза можеби е само можност да покажеме едни на други дека сме посветени да градиме добри односи на долг рок и ја имаме таа одговорност, заклучи шефот на македонската дипломатија.
Денеска во Солун заврши дводневниот министерски состанок меѓу Македонија, Грција, Бугарија и Албанија, посветен на прекуграничната соработка во контекст на кризата со бегалците и мигрантите. Состанокот, кој почна вчера, се одржа со цел зајакнување на дијалогот и проширување на перспективите за понатамошна прекугранична соработка во областа на координацијата и справувањето со заедничките предизвици, како што се бегалската и миграциската криза.
На маргините на состанокот, министерот Попоски имаше и одвоени билатерлани средби со шефовите на грчката и бугарската дипломатија Никос Коѕиас и Даниел Митов.На прес-конференцијата по завршувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на Македонија, Грција, Бугарија и Албанија во Солун, Попоск