Попоски со реакција до европскиот парламент: Да ставиш ситни лични цели наспроти вредностите на ЕУ е најголемата опасност за Унијата

Еден пријател, европратеник вели: „Најголема опасност за ЕУ е тие кои ја претставуваат, да заборават на вистинската цел и вредностите зад кои стои Унијата, а да ги заменат со ситни лични цели“, напиша министерот за надворешни работи Никола Попоски на својот Фејсбук профил.Пратеник во Европскиот Парламент се загрижи само за правата на Бугарите во Албанија. Имал избор да се заложи за вистинските вредности на Унијата. Неселективно. Ќе и помогнел на Албанија да се приближи до европските вредности и да ги унапреди човековите права. Но, немало да се испушти никако дека таму има Македонци, Грци, Власи, Срби, Роми… кои се самосвесни, напиша Попоски и додаде: Ова можат да го надминат ако сакаат. Тоа ќе биде за нив, за сите заедници таму и над се, за ЕУ. И сигурно ќе биде покорисно од домашна политичка реклама.
Пратеник во Европскиот Парламент се загрижи само за правата на Бугарите во Албанија. Имал избор да се заложи за вистинските вредности на Унија

Пронајдете не на следниве мрежи: