четврток, 12 ноември 2026
Најново

Попоски во еднодневна посета на Косово

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Косово на покана на заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи Хашим Тачи.За време на посетата предвидено е потпишување на билатерална спогодба меѓу двете влади за условите за патување на државјаните на двете земји. Спогодбата предвидува преминување на државната граница со биометриски лични карти за краток престој.

На средбата, како што информираат од МНР, ќе се разговара и за проекти за прекугранична соработка и проекти за подобро поврзување.
За време на посетата предвидено е потпишување на билатерална спогодба меѓу двете влади за условите за патување на државјаните на двете земји. 

Поврзани вести