Попоски: Во ЕУ треба да се промовира интеграција на Балканот

Loading...

За Македонија, иако приказната со членството во Европската унија трае подолго, сепак, таа претставува најдобрата гаранција за мирна и просперитетна иднина на Балканот, порача вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски на панел – дискусијата за иднината на Балканот во Европската унија што се одржа во рамки на годинашниот Бледски Стратешки форум во Словенија.– Времето е клучен фактор. Нашата приказна трае повеќе години, а членството се уште не е на повидок. Има различни стандарди за државите членки и кандидати. Некој ќе рече дека тоа е нормално и затоа е подобро да сме членка. Но, во меѓувреме, не можете да замислите на некоја држава од ЕУ да и биде проблематизирано постоењето и основните права на нејзините граѓани, но за кандидат, тоа е сосема возможно, истакна Попоски.
Како што е наведено во соопштението од МНР, според него, не е решение, како што рече, да седнеме и само да се жалиме.
– Но, фер е да се направи една стратешка оценка во ЕУ за користа и штетите од одложувањето на процесот. Дури и при услови на внатрешни предизвици, во ЕУ треба да се промовира интеграција на Балканот, потенцира министерот Попоски.
Тој смета дека денес правилата за членство се изменети.
– Најголемиот мировен проект на најстариот континент ги заостри критериумите на процесот за проширување, па сега повеќе не е доволно само грубо воспоставување на функционална демократија и економија на пазарни принципи, рече Поповски.
Затоа, според него мора да се дефинира временска рамка, да се постават стандарди колку време може една држава да се држи како кандидат за членка, до моментот на почнување и завршување на пристапните преговори.
– Така ќе се обезбедат и регионалниот мир и безбедност на долг рок, додаде Попоски.
Министерот Попоски учествуваше на Бледскиот Стратешки Форум заедно со неговите колеги од регионот и пошироко. Годинашниот форум беше посветен на „зачувување на иднината“, преку иницијативи во надворешната политика, економијата, туризмот, науката, информатичкото општество и слично.
За време на Форумот, Попоски остварил билатерални средби со министрите за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Косово, Словенија, Србија и Турција, како и со францускиот секретар за европски прашања Харлем Дезир, американскиот помошник секретар за Европа Хојт Ји и канадскиот парламентарен секретар на министерот за надворешни работи Памела Голдсмит Џонс.– Времето е клучен фактор. Нашата приказна трае повеќе години, а членството се уште не е на повидок. Има различни стандарди за државите членк

loading...