Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски денес од Куманово каде ги започнува теренските активности најавени од лидерот на партијата Никола Груевски, го поздрави распишувањето на изборите кои ќе се одржат на 11 декември.-Да прогласиме крај на кризата, конечно излегување од една деструктивна фаза во која многумина се трудеа да нанесат што е можно поголема штета на Република Македонија. Во овој момент нашиот фокус се граѓаните, нивните потреби и проектите кои се најзначајни за нив. ВМРО-ДПМНЕ тргнува најсилно досега, со најсилен фокус на граѓаните, инвестициите, повеќе работни места и проекти во секое населено место бидејќи сметаме дека овој е вистинскиот момент да заврши кризата и да се посветиме на најважната задача која претстои, истакна Попоски.
Тој додаде дека со распишувањето на изборите се во клучен момент во кој граѓаните најдобро ќе може да оценат што сакаат, односно дали сакаат проекти, инвестиции, напредок за државата и заштита на националните интереси.
-Порака е јасна. Топката е кај граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи на начинот на кој знае да настапи и на теренот на кој најуспешно се справува, проекти, повеќе работни места, повеќе инвестиции, посочи членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.-Да прогласиме крај на кризата, конечно излегување од една деструктивна фаза во која многумина се трудеа да нанесат што е можно поголема штета на Р