Попоски во Минхен: Европа се соочува со редефинирање на глобалните односи

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, кој учествува на безбедносната конференција во Минхен, смета дека централно прашање на собирот на луѓето коишто ги креирааат и спроведуваат дипломатските и безбедносните глобални агенди, е дали Европа може да се прилагоди на промените што се случија по „Брегзит“, изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, кризата во Украина и руското инволвирање во војната во Сирија.– Очигледно е дека сведочиме за една фаза во која односите се редефинираат на глобално ниво. Тука главното прашање се поставува за тоа колку Европа е способна да се соочи со новиот тип на безбедносни предизвици, пред се поврзани со тероризмот и со глобалниот баланс на силите. Според укажувањата на најголем број на партнери од Европската Унија, не можеме да кажеме дека Европа е целосно подготвена за оваа промена, вели Попоски во изјава за МИА.
Република Македонија и балканските земји каде што според Попоски најмногу би се почувствувале последиците од неуспехот европскиот континент да се справи ефикасно со новонастанатата ситуација својот успех го должат на сопствениот капацитет сами да ги решаваат своите проблеми и да ја намалат зависноста од Брисел во чекорењето напред.
– Неподготвеноста на Европа да се соочува со новите предизвици веројатно најмногу би се прекршувала во нашиот регион, на Балканот, каде што тие преддизвици се највидливи а веројатно и потребата од поддршка за европската и евроатлантската интеграција е најсилна. Две работи се клучни за нашиот успех, број еден, во Европската Унија да се сфати дека Македонија и балканските земји се фактор на стабилност и предвидливост на Европа. И број два, ние во регионот да покажеме поголемм капацитет сами да решаваме проблеми, да имаме многу помала зависност некој да треба наместо нас да дејствува да ни помага и да не движи напред. Конечно тоа ќе биде најсилен аргумент за час поскоро да се актуелизира прашањето за задоцнето членство во НАТО и уште повеќе за неопходен почеток на преговорите со Македонија за членство во Европската Унија, вели Попоски, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Попоски, кој на Минхенската безбедносна конференција учествува на покана на организаторот, германскиот амбасадор Волфганг Ишингер, на маргините на настанот имал средби со повеќе министри за надворешни работи на земји членки на ЕУ и НАТО.
Минхенската безбедносна конференција е еден од највлијателните светски собири на којшто претставници на најмоќните држави, меѓународни институции и претставници од бизнис секторот ги споделуваат своите ставови и визии за иднината на светската безбедност. Годинава главни ѕвезди на конференцијата на која учествуваат над 500 гости меѓу кои 25 шефови на држави и влади и 80 министри за надворешни работи и одбрана, се американскиот потпретседател Мајк Пенс, германската канцеларка Ангела Меркел и основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс.– Очигледно е дека сведочиме за една фаза во која односите се редефинираат на глобално ниво. Тука главното прашање се поставува за тоа колку

Пронајдете не на следниве мрежи: