Во контекст на НАТО за нас има само еден исход што може да биде исчекор – полноправно членство. Се друго е во рамки на традиционалната соработка и партнерство. Кога имаме неединство дома, најскапата сметка ја плаќаме надвор. Секој од свои побуди може да ни го искомплицира патот до нашите стратешки цели. На нас останува да се соочиме со предизвиците како што сме правеле во многу наврати досега. Ова е констатацијата на заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски по завршување на овогодинешниот НАТО Самит во Варшава.Како што е наведено во соопштението од МНР, според Попоски и овој Самит беше типичен самит за Македонија што содржи три константи: членство по решение на наметнаниот спор за името со Грција, пресуда од Меѓународниот суд за правда која не се зема в предвид и признание за несебичен придонес од нашата држава во мисиите на НАТО.
Попоски во својство на шеф на македонската делегацијата се обрати на состанокот за Мисијата„ Решителна поддршка“ во Авганистан. Во своето обраќање, Попоски го нагласи придонесот на Република Македонија во изминатите 14 години во рамките на НАТО Мисијата во Авганистан, каде нашата земја е еден од најголемите контрибутори по глава на жител.
На состанокот се усвои Декларацијата за Авганистан со која се потврди заедничката заложба за обезбедување долгорочна безбедност и стабилност во Авганистан, а Алијансата изрази и благодарност за придонесот на Македонија во мисиите на НАТО, со посебен акцент на мисијата „Решителна поддршка“ во Авганистан.
На маргините на Самитот, како што соопшти МНР, шефот на македонската дипломатија остварил повеќе билатерални средби.Како што е наведено во соопштението од МНР, според Попоски и овој Самит беше типичен самит за Македонија што содржи три константи: членство по реше