Трибината која ВМРО-ДПМНЕ попладнево ја одржа во Пробиштип ја отвори министерот за надворешни работи Никола Попоски, кој истакна дека оваа трибина е дел од практиката која ВМРО-ДПМНЕ ја има воспоставено веќе подолг период да се биде меѓу граѓаните цело време и да се следи реализацијата на проектите како и да се слушнат нивните идеи.- На политичката сцена има политички лидери кои само кажуваат што е добро, а што не. Некои од нив секојдневно ги менуваат своите ставови. Еден од нив е и Зоран Заев, кој на пример пред неколку дена во Љубљана кажа дека во Куманово имавме терористички напад, а неколку месеци претходно неговиот портпарол и блиските соработници кажаа дека некој си играл камај, истакна Попоски.
Тој напомена дека подготовката на програмата на ваков начин, преку трибини каде граѓаните ќе ги кажат своите идеи, дава можност да се добијат многу нови идеи, кои ќе бидат сериозно разгледани за нивната издржаност, начини на реализација, финансирање и надлежни институции за нивна реализација.
– Ова дава можност потоа граѓаните да кажат овие луѓе ветија и го реализираа ветеното како на централно, така и на локално ниво, посочи Попоски.
Во рамки на кампањата „На Македонија ѝ треба твојата идеја“, ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одржи трибина и во општината Чешиново-Облешево.- На политичката сцена има политички лидери кои само кажуваат што е добро, а што не. Некои од нив секојдневно ги менуваат своите ставови. Еден од н