Како Агенција работевме доста напорно за да ги отвориме сите стратешки пазари во светот и до сега многу успешно истото го постигнавме. Голем напредок во размената со сите стратешки партнери, пред се со Европската Унија каде ги отворивме пазарите за сите производи освен за свинското месо кое во 2018 година е планирано да се отвори и овој пазар, вели за ТВ Алфа поранешниот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски.-Се отвори рускиот пазар и евроазиската унија за млечни и месни производи, исто така и кинескиот пазар за јагнешкото месо, а сега сме и во постапка за млечмни и месни производи и во САД за месни и млечни производи, истакнува тој.
Поповски вели дека со последната набавка од ИПА и од средствата од ЕУ беше овозможено да се зајакнат институционалните капацитети на АХВ на едно многу високо ниво, рамо до рамо во европските институции.
-Набавени се нови возила, нова заштитна опрема, опрема за мустрирање, набавени за лап-топ компјутери, нови работни бироа, столици и сето она штое важно во нормалното работење на една институција, додава Поповски.-Се отвори рускиот пазар и евроазиската унија за млечни и месни производи, исто така и кинескиот пазар за јагнешкото месо, а сега сме и во постапка