Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски ги негира обвинувањата на Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на опозициската СДСМ за неорганизираност во справувањето со болеста „јазлеста кожа“.Поповски тврди дека Николовски кажува лаги и ја манипулира јавноста. Го повика доколку сака да види како се работи да дојде во АХВ.
– Ние, дневно во софтверски систем наречен ADNS ги внесуваме сите податоци во однос на секоја болест која е присутина во државата, не само за оваа, како и во софтверскиот систем на ЕУ, рече Поповски.
Тој информира дека имаат обврска да ја информираат ЕК секоја недела за вакцинацијата, односно до каде е и како е извршена. За планот за вакцинација, како што рече, ги имаат известено и соседните држави со кои има трговска размена.
– Болеста е присутна во 41 општина во Република Македонија. До овој момент се одземени вкупно 1.150 животни што претставува 0,46 отсто од вкупната популација на говеда во Македонија, рече Поповски и додаде оти тоа нема да се одрази на сточниот фонд и нема да има колапс во млечниот сектор.
Поповски потенцира дека до овој момент во Македонија се вакцинирани 95.000 грла говеда. Вакцинацијата, како што рече, оди со многу добро темпо или тоа е 40 отсто од целокупната популација на говеда во Македонија.
За исплатата и надомест на штетата за одземените животни, Поповски рече дека најбрзо што може ги прифаќаат и обработуваат податоците од барањата на сточарите, во законски рок од 15 дена.
– Законска обврска на Република Македонија и на европските држави е дека во рок од 90 дена ќе бидат исплатени средствата за надомест. Ние, како Агенција работиме тие средства што побрзо да бидат исплатени, рече Поповски. Најави дека утре и в среда во Брисел ќе има состанок на регионално ниво за справување со болеста „јазлеста кожа“, каде ќе присуствуваат и претставници од Русија.Поповски тврди дека Николовски кажува лаги и ја манипулира јавноста. Го повика доколку сака да види како се работи да дојде во АХВ.
–