Во последниот период очигледно е дека нападот врз Агенцијата за храна и ветеринарство е насочен од политички аспект бидејќи досега сите оние наводни критични наводи кои беа изнесени во јавноста во делот на работењето на Агенцијата не беа поткрепени со ниту еден релевантен доказ, истакна директорот на АХВ, Зоран Поповски во емисијата „Радио Полиграф“ на Радио Слободна Македонија.Во врска со обвинувањата од страна на опозицијата дека пијалакот Ламар е небезбеден за граѓаните, Попоски потенцира тој е еднаш увезен и е продаден, но оти пијалакот никогаш го немало во малопродажба.
Директорот Поповски вели дека Агенцијата мошне професионално се справила со болеста Јазлеста кожа.
-Сите обвинувања кои ги имавме за справувањето со болеста паднаа во вода откако се покажа дека ние се справивме со таа болест, истакна Поповски, додавајќи дека болеста не е зооноза, односно не се пренесува на луѓето.
Првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство вели дека краставиците кои беа донесени од страна на опозицијата во државната фитосанитарна лабораторија биле купени, наводно на пазар. Тој посочи дека постапката не дозволува кој било да земе примерок и да ја донесе на анализа токму поради манипулации со овие производи, додавајќи дека такво право има само овластен инспектор на АХВ.
Поповски вели дека за време на поплавите кои го зафатија Скопско во август, оваа година, агенцијата формирала тимови за да јаконстатираат состојбата со угинатиот добиток.
-Успешноста на работењето за време на поплавите докажа дека сите животни кои беа угинати од поплавите беа истиот ден собирани. Во текот на неколку дена ги собиравме телата на угинатите животни кои ги носеше водата за да не се пренесат болести.
Во врска со обвинувањата од страна на опозицијата дека пијалакот Ламар е небезбеден за граѓаните, Попоски потенцира тој е еднаш увезен и е продаден