Повикот за аплицирање за 1000 бесплатни обуки за странски јазици и компјутери за невработени лица е се уште отворен. Квотата за странски јазици веќе се пополнува, додека помал е интересот за компјутерски вештини.– Повикот пред се е отворен, не се затвора, нема одреден период на затворање. Ние имаме за оваа година планирано илјада обуки за странски јазици и тоа германски, англиски и француски, а воедно имаме уште за илјада луѓе кои ќе се обучуваат за основните ИТ вештини, во делот на ексел, ворд…, со тоа што досега имаме слаб одѕив во делот на компјутерските вештини, додека за јазици веќе одиме кон исполнување на самата квота, изјави директорот на АВРМ Влатко Поповски при посетата на компанијата „Дигиком“.
Тој ги повика сите оние што сакаат да научат како да го користат својот компјутер правилно во делот на ексел, павер поинт, ворд и во делот на странските јазици да се јават на огласот.
– Овие вештини и познавања се бараат од странските инвеститори коишто доаѓаат тука во РМ. Еве една можност бесплатно во рамките на нивната општина, во рамките на нивното населено место да добијат обука без да патуваат надвор од тоа место, бидејќи секаде каде што ќе направиме група до 10 луѓе ние ќе направиме и едукција во тоа место, рече Поповски.
Додаде дека за десеттина дена ќе започнат обуките, со тоа што, како што рече, денеска се потпишуваат договорите со обучувачките куќи.– Повикот пред се е отворен, не се затвора, нема одреден период на затворање. Ние имаме за оваа година планирано илјада обуки за странск