Сметам дека изборниот процес помина во најдобар ред и се сметам за легитимен претседател, изјави новоизбраниот лидер на СПУКМ, Давор Поповски во ТВ НОВА.-Се чувствувам како легитимен претседател, и сметам дека изборниот процес помина во најдобар ред до 16 часот. Се случиле некои невкусни работи, но јас не можам да шпекулирам нешто што некој ми прераскажал бидејќи не сум бил присутен и не сум посведочил на случувања, изјави Поповски.
Поповски, вечерва во дебата на ТВ Нова, на која присуствуваше и неговиот противкандидат Стефан Василевски и претставници на Студентскиот пленум, рече дека не е политички активист и дека тимот на СПУКМ во иднина ќе има квалитетни луѓе од сите подрачја.
-Не сум политички активист сум се застапувам сам себе и мислам дека така ќе допринесам за општеството. Сакам во тимот да има квалитетни луѓе, не ми е битно дали се Македонци дали се Албанци, не ми е битно дали се или не припадници на политички партии, рече тој.-Се чувствувам како легитимен претседател, и сметам дека изборниот процес помина во најдобар ред до 16 часот. Се случиле некои невкусни работи, но