„Поправете го“ скршениот нокт во само 3 чекори!

Веројатно „ви се крева косата во вис“ кога ќе видите дека ви се скршил долгиот нокт, а толку се трудевте да одржите иста должина на сите нокти…На сите оние девојки кои се трудат да ги ги одржат негувани и долги ноктите, добро им е познат проблемот со кршење и напукнување на најсовршениот нокт.
Епа, има решение и за тоа…За да не морате да го скратите и турпијате со часови скршениот нокт, ова е идеалното решение.
Сè што ви е потребно е само една кесичка од чај, провиден лак и лак во силна боја.
Прв чекор

Од кесичката чај исечете мало парче хартија, двојно помало од вашиот нокт.

Втор чекор

Премачкајте го ноктот со провиден лак, а пред да се исуши внимателно залепете го парчето хартија. Оставете го лакот добро да се исуши.

Трет чекор

Премачкајте ги ноктите со омилениот лак. Целиот процес повторувајте го сè додека ноктот не израсне доволно долг за да можете да го скратите.На сите оние девојки кои се трудат да ги ги одржат негувани и долги ноктите, добро им е познат проблемот со кршење и напукнување на најсовршениот н

Пронајдете не на следниве мрежи: