Популацијата на слонови во Африка е најниска во последниве 25 години, главно поради лов, се наведува во извештајот на Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN).„Во Африка сега живеат близу 415 000 слонови или 111 000 помалку отколку пред една деценија“ – ги цитира АФП податоците кои беа објавени во извештајот.
Ловот, што особено се зголеми во последните десетина години е главната причина за намалување на популацијата на слонови.
Другата причина е намалувањето на природните зони каде е распространет видот. Ловокрадците ловат слонови поради високата вредност на нивните коски на азиските пазари.
Загрижувачкиот извештај беше објавен во врска со откритијата во Јоханесбург, односно на Меѓународниот конгрес за трговија со загрозени видови на диви животни, на кој треба да разговара за нови мерки за заштита на животните.„Во Африка сега живеат близу 415 000 слонови или 111 000 помалку отколку пред една деценија“ – ги цитира АФП податоците кои беа објавен