Популарна водителка ПОМИНАЛА НИЗ ПЕКОЛ: Мислела дека станува збор за бубулица, а имала рак на кожата

Мишел Девбери (34)ТВ ѕвезда од Хал во Велика Британија, успеала да се избори со ужасниот рак на кожата. Како што вели никогаш премногу не се сончала. Меѓутоа, ова лето нејзината кожа го платила данокот и со само едно кратко изложување на сонце. Имено, додека се одморала со своите пријатели, тие забележале раничка на нејзиниот нос.- Се обидував да ја прикријам паниката додека низ торбата ја барав кремата за сончање, но веднаш ми беше јасно дека нешто не е во ред, – вели Мишел која во Велика Британија е позната како учесничка во реалното шоу „Шегрт“ и Тв водителка.
Како што вели таа до својата 18-та година немала прилика многу да патува надвор од земјата, а бидејќи потекнува од посиромашно семејство, не одела ниту на летување.
– Единствено сонце со кое сум се сретнала е тоа во Велика Британија, и не го земав тоа за сериозно нешто – вели Мишел, додавајќи дека е сосема убедена дека кога таа добила рак, секоја жена може да биде загрозена.
– Ракот не почна како бенка, како што секој очекува. Напротив, се појави како  бубулица. Тоа прилично ме изненади бидејќи не сум имала бубулици уште од тинејџерските денови. Прво помислив дека е проблем во козметиката. Откако тоа не помогна, го променив и начинот на исхрана. Тогаш се покажа краткотрајно подобрување и „бубулицата“ исчезна, но набрзо повторно се врати. Некогаш беше испакнато, а некогаш се појавуваше како црвена флека. Сега знам дека тоа е типично за ракот, – зборува оваа ибава водителка.
Како што вели, после 5 месцеи се одлучила да оди на лекар.

– Отидов во болница поради естетска причина. Сега ми е срам што сум била толку неодговорна, но ракот не ми паѓаше ниту на крај памет. После прегледот, лекарот ми рече дека ако се уште сум го игнорирала, ракот ќе ми го изел цело ткиво одокулу, и би ми оставил дупка во носот, – ја завршува својата приказна Мишел, која сега сака да ја подигне свеста кај жените за тоа дека нема имуни на ракот на кожата, и дека не постои „здрава боја“ која се добива со повремено сончање – секоја е опасна.
– Се обидував да ја прикријам паниката додека низ торбата ја барав кремата за сончање, но веднаш ми беше јасно дека нешто не е во ред, – вели Мишел

Пронајдете не на следниве мрежи: