Попуст од неверојатни 85 денари за помош на жртвите во поплавата

Сведоштво за маркетот што го допре днотоСитните души најмногу се препознаваат кога некој е во неволја, а доказ за тоа е и неодамнешната лажна хуманост што ни ја сервираше маркет Хубо.

Граѓаните кои се обидоа да волонтираат во поплавените подрачја (каде настрадаа луѓе, причинета е огромна материјална штета и е еден огромен хаос) си начекаа „спектакуларен“ попуст од 10% на гумени чизми што ги продаваат за 850 денари, односно добија 85 денари попуст за да се мачат во калта.
За оваа „солидарност“ како и за искуството со вработените проговори и Богдан Илиевски на својот профил на Фејсбук:

„Вчера тазе вратен од Хирошима и Стајковци, не ми се пишуваше ни пола буква за оваа голема акција на Хубо „со цел да помогне во санирање на штетите од поплавите“ бидејќи на тој траор таму и мака за луѓето, немав многу место на душа за с'клет и избувнување.
Денес другарче ми се јави дека бил кај овие “ратни профитери“ да купи гумени чизми чија пазарна цена е 350 денари, а они ги продаваат за 850. На каса побарал попуст, бидејќи нели, Хубо одлучи на најсељачки можен начин по економски модел „покачи цена на јајца пред велигден“ да прави пари, со тоа што на велигден не гинат луѓе, нема 5000 куќи потопени и под кал и потенцијал од колера.
Касиерката „не знаела за никаков попуст“ после што мојов побарал да дојде менаџерот. Менаџерот на компанијата која се однесува како воен профитер дошол и и' рекол: А, да, да, дај му 10% попуст. 85 денари попуст на чизми кои ги продаваат 850 а чинат реално помалку од 200. 85 денари „со цел да помогне во санирање на штетите од поплавите“.
Хубо Маркет Реплек , ако сакате да помогнете има да дадете донација или ќе продавате по дисконтни цени, а нема да се понашате ко последни сељачишта на планетата Земја, ко луѓе кои кога ќе налетаат на сообраќајка со истурени мозоци на роднините на загинатите ќе им продаваат палома и средство за чистење на крв од облека. Срам е мал збор за она што го мислам за вас. И знам дека сте на чекор да дојде некој и тие лопатите, кои ќе си ги купи без попуст, да почне да ги користи на лице место.
Резил. Сета кал од Стајковци помножена со сите мрши од Сингелич помножена со сета реа од Инџиково е ленор со мирис на лаванда за овој гнасотилачки однос. На луѓе душа им се тресе само кога ќе видат каква е ситуацијата горе, луѓе кои живеат таму пливаат во говна 5 дена, а вие не само што се рекламирате СО ЦЕЛ ДА ПОМОГНЕТЕ, туку и давате ПОПУСТ од 10% на роба која ја продавате х3 од реална цена – ВО МОМЕНТ КАКО ОВОЈ.“Ситните души најмногу се препознаваат кога некој е во неволја, а доказ за тоа е и неодамнешната лажна хуманост што ни ја сервираше маркет Хубо.

Пронајдете не на следниве мрежи: