Поради анорексијата била на раб на смртта, но одеднаш со ТРИ ЗБОРОВИ го променила животот!

Алиса Чачија (21) имала скоро ист број на килограми како и кога имала 10 години. Стравувала дека ќе умре, а потоа решила да и каже доста на анорексијата.- Реченицата која била прв чекор и добар знак за оздравување, била реченицата која му ја упатила на докторот, но и на себе – Не сум добра. Тоа се случило една недела пред да почне втора година на факултет. Оридов на лекар, застанав пред вратата и почнав да плачам. Најверојатно бев таму со часови. – рекла Алиса.
Студентката по книжевност, поради алармантната состојба, била ставена на врвот на листата, а неколку месеци покасно почнала да прима терапија во болница, бидејќи немала сила да оди на лекар.
Пред да почне со третманите, Алиса се јавила кај мајка си и и побарала помош, бидејќи веќе не можела да издржи.
– И реков дека мора да ме однесе дома или ќе умрам – додала Алиса.
Тогаш научила да се справува со својата анксиозност која била поврзана со исхраната.

После години, и рекле дека не е клинички анорексична, и мора да се бори со својот идентитет.
– Од својата 12 година сум анорексична. За мене слабоста и самодовербата беа на исто рамниште. Денес готвам за себе здрави оброци и да, го сакам тоа шпто го подготвувам, а тоа е дефинитивно голем напредок – вели Алиса.
И ден денес има проблем да го разликува нејзиното гледање на анорексијата од нормалното, па се консултира со пријателите, кои се секојдневно покрај неа.
– Мислам дека е малку лудо, но сакам сите луѓе да знаат каква храна внесувам и да ми потврдат дека е тоа во ред, дека храната не ми е непријател. Ми беа потребни околу 10 месеци да препознаам глад и ситост – вели таа.- Реченицата која била прв чекор и добар знак за оздравување, била реченицата која му ја упатила на докторот, но и на себе – Не сум д

Пронајдете не на следниве мрежи: