Поради газираните пијалаци тежела 95 килограми кога имала само 13 години: Погледнете ја денес!

Меди Смит имала само 13 години кога вагата покажала дека тежи преку 95 килограми. Загрижените лекари ја предупредиле дека си го загрозува животот, а шест години подоцна, таа не само што е здрава, туку и професионално се занимава со фитнес. Еден момент го сменил нејзиниот живот.Моментот на освестувањето бил кога е откриено дека тогаш 13-годишната Меди има опасни масни наслаги околу црниот дроб, кои обично ги имаат подебелите постари луѓе или алкохоличарите. Меди не спаѓала меѓу тие лица, но имала многу лоша навика. Може да се рече и порок.
Таа скоро секој ден консумирала слатки и газирани енергетски пијалоци, на што трошела голем дел од џепарлакот од својата десетта година. Готово без било каква контрола, секојдневно внесувала големи количества шеќер, а притоа готово и не вежбала.
-Кога имав 13 години морав да одам во болница. Докторите мислеа дека имам напад на слепо црево, но открија дека имам замастен црн дроб. Салото околу органите никогаш не е добар знак и тоа беше моментот кога сѐ ми стана јасно. Мајка ми и јас се погледнавме и сфативме дека тоа е капката која ја прелеа полната чаша. По ова повеќе нема изговори – се присетува Меди.

Од тој момент поминале шест години, а Меди денес повеќе нема никакви здравствени проблеми. Морала да се откаже од слатките, чоколадото и газираните пијалоци, но трудот се исплател.
Не само што успеала да ја намали големината на облеката за неколку броеви, да ја изгради самодовербата, туку успеала да направи пресврт кој ѝ отвори врата до нова кариера. Денес, оваа девојка професионално се занимава со фитнес и им помага на другите кои имаат сличен проблем на нејзиниот.
-Сакам да бидам најздравата и најсреќната верзија од себе и мислам дека успеав во тоа. Не би успеала без поддршката на пријателите и семејството. Поддршката е многу битна за сите девојки коишто се соочуваат со проблемот со вишокот килограми. Уште една важна работа е да не си дозволите себеси да се споредувате со останатите. Можете да се споредувате само со личноста која сте биле пред шест години – советува Меди.Моментот на освестувањето бил кога е откриено дека тогаш 13-годишната Меди има опасни масни наслаги околу црниот дроб, кои обично ги имаат подебели

Пронајдете не на следниве мрежи: