Поради измените на Генералниот урбанистички план на Охрид, езерото може да ја изгуби заштитата од УНЕСКО

Врз основа на член 69 став (3) од Законот за животна средина, Ви доставуваме
КОМЕНТАРИ КОН ИЗМЕНАТА И ДОПОЛНА НА ГЕНЕРАЛНИОТ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ОХРИД (2014 – 2024) и ПО ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ВЛИЈАНИЕТО НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ОХРИД УЗ 2 – УБ 2.2, 2.4; УЗ 5 – УБ 5.2, 5.4; УЗ 9 – УБ 9.1, 9.3; УЗ 12 – УБ 12.2; УЗ 13 – УБ 13.2; УЗ 17 – УБ 17.11. Општи коментари
– Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион Имајќи предвид дека предложената планска документација опфаќа предел кој е регулиран со Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион (Сл. Весник на Р.М. бр. 75/2010), би сакале да потенцираме дека согласно со член 17 Планирање на урбан развој став (1) Градоначалникот на општината Охрид, Градоначалникот на општината Струга и Градоначалникот на општината Дебарца се должни урбанистичките планови или измена на постојните урбанистички планови да ги достават на мислење до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на природата и органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на културата, како и до Комисија од членот 10 на овој Закон пред да започнат со спроведување на јавна расправа по истите.
Во предметната документација објавена за измена и дополна на генералниот урбанистички план за Охрид (2014-2024) не беше презентирано мислењето од овие стручни органи со што претпоставуваме дека спроведувачот на планот не постапил согласно со Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион, односно го прекршил истиот при организирање на јавната расправа на 06.02.2015 година во Охрид. Би сакале уште еднаш да Ве потсетиме на оваа законска обврска согласно со овој Закон.
– Задолжителното мислење и комуникација со УНЕСКО
Согласно со став 172 од Оперативните насоки на УНЕСКО органот надлежен за усвојување на предметната документација, во случајов Општина Охрид, задолжително треба да испрати официјален допис до Центарот за светско културно наследство при УНЕСКО вклучително и Проценка на влијанието врз животната средина и влијанието врз културното наследство пред носење на каква било одлука за промена на истите.
Во предметната документација објавена за измена и дополна на Генералниот урбанистички план за Охрид (2014-2024) не беше презентиран допис или комуникација со Центарот за светско културно наследство при УНЕСКО, ниту, пак, мислење од истиот во однос на предложените измени. Би сакале да Ве потсетиме на оваа обврска согласно со Конвенцијата за зачувување на светското културно и природно наследство.
2. Коментари во однос на предлог-измената и предложената урбанизација на УЗ 17 – УБ 17.1
Според „Индексот на ендемски биодиверзитет“ Охридското Езеро со 212 ендемски видови се води како најзначаен воден екосистем во светот. Во националното законодавство езерото е прогласено за споменик на природата кој треба да остане непроменет. Освен тоа, Охридското е едно од педесетте најдлабоки езера во светот, се смета за музеј на живи фосили и изобилува, покрај ендемските, и со реликтни видови. Студенчишкото Блато, како и секоја блатна заедница од тој тип, не смее да се разгледува како издвоенo од езерото, бидејќи тоа е всушност негов интегрален дел и постои како такво поради постојаната комуникација со него. Секое негово нарушување подразбира и нарушување на биодиверзитетот и закана за олиготрофниот статус на езерото. Студенчишко Блато е едно од последните блатни екосистеми во Македонија, а според Стратегијата за биолошка разновидност со акциски план на РМ усвоена од Собранието, сите национални блата се сметаат за значајни локалитети. Документот треба да биде водич според кој ќе се усогласуваат сите натамошни активности за заштита, управување и ревитализација на блатните станишта.
Валоризација на биолошките вредности на Студенчишкото Блато е извршена преку анализа на присуството на засегнати растителни и животински видови, како и значајни растителни заедници. Од меѓународните документи беа користени: Глобална црвена листа на IUCN (IUCN, 2009), Европската црвена листа, Директивата за живеалишта на ЕУ (Хабитат директива), Директивата за птици на ЕУ, Бернската конвенција и Емералд листите, Бонската конвенција, како и критериумите за определување на Значајни подрачја за пеперутки, а од националните беше користена Стратегијата за биолошка разновидност на Република Македонија со акционен план. Покрај, конзервациското значење на видовите, беше ставен акцент и на видови и заедници кои претставуваат ендемити, реликти или се многу ретки во Македонија. На крај е направена интегрална валоризација на природните вредности според следните критериуми: педолошки вредности, присуство на ретки видови, присуство на глобално засегнати видови, видови и хабитати значајни за Европа, биолошка разновидност (богатство со видови), присуство на ендемични видови, присуство на значајни растителни заедници и хабитати и орнитолошко значење.
Некогаш Студенчишкото Блато се протегало на над 60 хектари, а вкупната површина денес изнесува околу 25 хектари. Има уверувања дека ќе се обезбеди простор за ревитализација на дел од уништеното Студенчишко Блато. Структурните промени до кои ќе доведе имплементацијата на предвидените инфраструктурни проекти значително ќе ја променат моменталната состојба на блатниот екосистем и дополнително ќе делуваат како додадена вредност во однос на негативните влијание веќе воочени од имплементацијата и оперативноста на претходно имплементираните проекти. Следствено на тоа, проектите планирани во подрачјето треба да се разгледуваат интегрално и да се земе предвид кумулативното влијание. Проширувањето на Рача и доградбата на елитните населби и хотели (иако во веќе населено подрачје), изградбата на патот во дополнување на планираните градежни активности во непосредна близина на блатото значително ќе го зголеми антропогениот притисок врз Охридското Езеро во овој дел (дополнителен внес на хранливи материи и зголемување на трофичноста на езерото, бучава, прав и сл.). Инсистираме на интегрална ЕИА студија која ќе вклучи кумулативна оценка на влијанието кое предвидените инфраструктурни проекти ќе го имаат врз животната средина. Дополнително, неопходно е при постапката за оцена на влијанието врз животната средина да се обезбеди објективно видување и оценка на влијанието врз животната средина на предвидените инфраструктурните проекти во дополнување на постојните.
Знаеме дека и покрај тоа што долго време се познати вредностите и значењето на блатото, поради несоодветна грижа, како и ненавремено преземање мерки за негова ефикасна заштита, забележани се низа појави кои водат кон намалување на неговата површина и уништување на некои важни компоненти на биолошката разновидност. Во таа насока потенцираме дека:
1. Во повеќе од 80% од заклучоците на студијата се вели дека секаква активност за измена на моменталниот генерален урбанистички план на Охрид ќе се одрази крајно негативно на езерото и живиот свет во него.
2. Македонија веќе доби едно официјално предупредување од седиштето на УНЕСКО и езерото и неговата околина кои ја уживаат оваа заштита не смее да бидат предмет на произволни промени каде што приоритет е финансискиот интерес на неколкумина моќници.
3. Албанија ги руши постојните објекти долж брегот на езерото за да добие заштита од УНЕСКО од својата страна во истиот момент додека Македонија е на пат да го уништи богатството што го има, а со тоа и да ја изгуби заштитата од УНЕСКО.
Би сакале да напоменеме дека согласно со Стратегиската оцена за влијание врз животната средина, за разлика од другите, УБ 17.1 – Студенчишко Блато претставува: (а) карактеристичен пример за еволуцијата, (б) објаснува клучни појави во развојот на природата, (в) има мала географска распространетост, (г) населено е со ретки или загрозени видови, (д) делови од блатото се сочувани (во изворна состојба), (ѓ) претставува сведоштво од големо значење за проучувањето на природните процеси, (е) како појава е единствена и раритетна, (ж) има културни и рекреативни вредности и (з) во научната и стручна јавност е препознаен како објект за заштита, меѓу другото, и поради фактот што ова е „квалитетен” остаток од некогашните блатни системи, кои на територијата на Република Македонија се во изумирање. Границите на заштитеното подрачје ќе се совпаѓаат со границите дефинирани со ГУП за град Охрид за период 2014-2024 за УЗ 17.1, во зона на намена А0-домување со посебен режим. Со намалувањето/преземање на површината на блатото ќе се промени квантитетот и квалитетот на подземните површинските води, како и неговата основна функција (природен прочистувач на Охридското Езеро), што воедно е најсериозна закана по биолошката разновидност и на блатото и на езерото.
Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина во точка 8.10 Мерки за заштита, намалување и ублажување на негативнoтo влијание на планскиот документ во области од посебно значење за животната средина јасно укажува дека „…со предвидената измена на УБ 17.1 на Студенчишко Блато, директно и негативно ќе се влијае на уникатноста на целиот екосистем“. Според извештајот негативното влијание на новите измени ќе биде директно, кумулативно, големо и долгорочно за биодиверзитетот, почвата, водата, воздухот, микроклимата; со тоа што кај биодиверзитетот, почвата и водите ќе биде неповратно, односно нема да може да се преземат никакви корективни мерки.
Во извештајот, како единствен позитивен аспект во однос на урбанизација на блатото беа истакнати само социоекономските придобивки, односно отворањето работни места со тоа што ќе се привлечат голем број инвеститори на ваквата локација, иако согласно со мислењата изнесени од локалното население отворените работни места би биле соодветни за домени од услужната дејност на кои им следуваат минимални плати и не потикнуваат никакви образовни или стручни надоградувања. Следствено на тоа, се бара индикациите во однос на позитивните социо- економски продобивки да бидат поткрепени со социо-економска анализа каде детално ќе бидат елаборирани придобивките и загубите од имплементацијата на предвидените проекти на краток и долг рок (социо-економската состојба во регионот, екосистемските услуги, демографската состојба во регионот и степенот на миграција, влијанија по однос на туристичката атрактивност на регионот при сценарио одземање на статусот на УНЕСКО и сл.).
Согласно со член 72 и член 73 од Законот за животна средина органот кој го подготвува планскиот документ или промената на планскиот документ (во овој случај Општина Охрид), е должен да ги земе предвид наодите од овој извештај како и да ги вгради мислењата добиени во постапката за консултации со јавноста. Имајќи предвид дека во извештајот јасно се потенцира дека со намалувањето/преземање на површината на блатото ќе се промени квантитетот и квалитетот на подземните површинските води, како и неговата основна функција (природен прочистувач на Охридското Езеро), што воедно е најсериозна закана по биолошката разновидност и на блатото и на езерото, бараме Општина Охрид да не пристапи кон измена на урбанистичкиот план.
Здружение за заштита на животните и животната средина „ЕДЕН“.
***Овие коментари се изготвени и поддржани од: Здружение за заштита на животните и животната средина „ЕДЕН“, Фронт 21/42 и Еколошко друштво ,,Лагадин”.1. Општи коментари
– Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион Имајќи предви

Пронајдете не на следниве мрежи: