Лажниот Фејсбук профил кој опставеното момче и го отворил на поранешната партнерка како одмазда е отстранет. Но, тоа е само дел од драмата која портади емоционално повредениот поранешпен партнер ја претрпела млада жена и мјака В. Х. (22) од Сплит. Откако добила поддршка дури и од пријателите и познаниците на својот неодамнешен партнер, одлучила да се отвори и да раскаже се што преживеала од мај минатата година, кога започнала нејзината драма.Инаку оваа млада жена е мајка на дете нешто постаро од година дена, кое за жал, заедно со неа преживеало поголем дел од приказната.
„Не бев во брак туку во долгогодишна врска со партнер нешто помлад од мене, со кого се знаесов и родив. Признавам и двајцата бевме неподготвени за брак, па ја раскинавме врската кога се роди детето, а кога бебето наполни 9 месеци започнав љубовна врска со овој несреќник кој се обиде да ми го уништи животот. Се познававме подолго време бидејќи живееме во близина, знаев за него дека е малку матен тип, но не ми беше премногу грижа за тоа како и од што живее.
Започнавме врска, и двајцата се вљубивме. Таа лажна идила траеше месец или два, дури бевме заедно на одмор на Корчола, тој, јас и моето дете, како некое среќно семејство. Тој инаку исто така е татко на мало дете и поради тоа ми е уште понејасно она што подоцна ми го приреди- “ со горчиона се присетува соговорничката.
„Почувствував дека проблемите почнуваат кога почна притисокот на мене поради моите неизбежни контакти со биолошкиот татко на моето дете, бидејќи се во фаза на негово растење и подигање, и секако мораме да соработуваме. Тој не можеше да го поднесе тоа, па почна да ми забранува да излегувам од дома.
Алармантна ситуација ме снајде во Загреб, кога ме убеди да одиме таму на неколку дена, по што едвај ме пушти во Сплит по детето. Збунета од неговото однесување и плановите, се согласив да се вратам со бебето во Загреб, каде тој изнајми стан, во се уште ненаселена зграда и таму главно ме држеше заклучена. Никако не ме оставаше сама, а ми го зема и мобилниот , го хакираше мојот профил на Фејсбук за да може да го држи мојот живот под целосна контрола. Со сопствената мајка можев да разговарам само пред него“, вели младата мајка, инаку ќерка на добро ситуирани разведени родители.
„Почнав да ја губам контролата, чувствував страв за мојот и животот на бебето. Почна сериозно да ми се заканува“, вели младата жена, која во тоа преживеано бунило се нашла и во Босна, од каде едвај се извлекла.
„Требаше да одиме во Загреб, го водев и бебето, беше вечер и за време на патувањето сум заспала. Кога се разбудив здогледав натпис „Посушје“, знаев дека повторно сум изневерена, почнаа да ми се тресат рацете и нозете. Не однесе во Сараево, повторно во некоја изнајмена кујќа, подготвувавл терен за бегство од хрватскиот суд бидејќи пресудата против него во меѓувреме стпила во сила.
Едвај успеав да го убедам да ми дозволи да се вратам во Сплит, каде ме чекаше важен состанок во Центарот за социјална работа поради детето. Од Сараево во Сплит ме возеше негов пријател, личност од доверба, и иако кон мене беше коректен го молев Бога на граница да не застане полиција, за да можам да им кажам дека на сила сум одведена со бебето. Сепак, тигнав до Сплит, што е најважно, а тој остана таму“, вели таа која во меѓвреме повторно се зближила со таткото на детето.
„Мојот поранешен никако не можеше да се помири со нашиот крај, ги малтретираше моите родители, мојата сестра, а бројот на мајка ми го објавил на оној ужасен профил на кој јас, наводно, им се нудам на мажи за 100 куни.
Бев наивна и не требаше да влезам во таа врска. Но, за разлика од него, го средив својот живот, додека тој бега од затвор. Го жалам, но сепак ќе поднесам тужба против него за се што ми стори мене и на моето дете“.Инаку оваа млада жена е мајка на дете нешто постаро од година дена, кое за жал, заедно со неа преживеало поголем дел од приказната.
„



