Пристигнуваат многу негативни критики на сметка на Кристијано Роналдо по настапот на Португалија на Европското првенство во фудбал во Франција. Португалците одиграа само 1-1 против Исланд, а Роналдо со ништо не потврди дека е еден од најдобрите светски фудбалери.Роналдо по натпреварот го обвинија дека премногу глуми, доби критики дека е лош губитник, а ни статистиките не му одат во корист.
Многумина ќе се сложат дека Роналдо иритира со однесувањето на фудбалскиот терен и изјавите, дека е арогантен, дека не ги почитува противниците…
Но, Роналдо има и друго лице. Кога станува збор за помагање, кога треба да покаже солидарност, Роналдо скоро секогаш е во првите редови.
Трикратниот освојувач на Златната топка, во вторникот во Сент Етјен се појави со необична фризура – на задната страна имал избричени две црти.
На социјалните мрежи и медиумите тргнаа шпекулирања за тоа што претставуваат овие хоризонтални линии, а тогаш шпанскиот портал „Телесинко“ ја откри вистината.
Имено, Португалецот платил лекување на дете болно од рак. Во процесот на лекувањето, детето било на операција по која од задната страна на главата му останале две лузни. Токму тие лузни Роналдо ги „имитирал“ со својата фризура и на тој начин му пратил поддршка на болното дете.Роналдо по натпреварот го обвинија дека премногу глуми, доби критики дека е лош губитник, а ни статистиките не му одат во корист.
Многумина