ПОРАДИ ОВА ФЕЈСБУК ГО РАЗБЕСНИ ЦЕЛ СВЕТ: И вас не ве заобиколи, огорчени ли сте?

Укинувањето на можноста за допишување во рамките на Фејсбук апликацијата, разбесни многу корисници.Фејсбук месинџер како понудена алтернатива, под овие околности стана најсимнувана апликација во маркетот (App Store), но воедно со само една ѕвездичка, стигна меѓу најслабо оценетите.
Постарите верзии од оваа апликација, која е стара повеќе од три години, меѓу корисниците воглавно беше добро примена, и во просек собиваа оцени околу 4. Моменталната апликација, во скоро сите земји во просек е оценета со една или максимум 2 ѕвездички.
Гнев и на „Плеј стор“…

 
На Андроид „плеј сторот “ Фејсбук Месинџер со 4 ѕвездички и понатаму добро се котира. Но, за разлика од продавницата на Ејпл, овде не се смета само оцената на најновата верзија, туку просекот од сите претходни, па за квалитетот на производот повеќе сведочат коментарите, кои во последно време се негативни.
Фејсбук е „популарен“ по тоа што корисниците ретко која промена ја прифаќаат со „широко отворени раце“, но оваа предизвика најголема бура до сега. А најмногу од се корисниците ги нервира тоа што се принудни да ја користат апликацијата Месинџер.
Фејсбук месинџер како понудена алтернатива, под овие околности стана најсимнувана апликација во маркетот (App Store), но воедно со само една ѕвезди

Пронајдете не на следниве мрежи: