Поради овие коментари на Фејсбук три студентки од Економскиот факултет…

Референтите од студентската служба се омилена тема на разговор помеѓу многу од студентите. Причините за нивната „популарност“ на факултетите и на социјалните мрежи се многубројни но и ретко кога се позитивни.Така три студентки од Економскиот факултет во Загреб на група на Фејсбук одлучиле да го искажат своето незадоволство за работата на вработените.
Но, таа постапка наведените студентки многу ги чинела.
Иван Томјеновиќ, студентскиот правобранител потврдил дека против девојките е покрената казнена постапна и дека тие добиле и предупредување пред исклучување и суспендирање од  шест, девет и дванаесет месеци.
Мерките биле преземени без знаење на девојките. Трите студентки за постапката дознале откако на куќните адреси им стигнале одлуки за мерките.

Казнување поради коментирање на вулгарен коментар
Девојките се казнети поради коментари кои ги оставиле на исклучително вулгарен коментар од анонимен корисник до референтите на студентската служба.
„По овој пат би сакал да им се на**ам на сите мајки на оние полуписмени „к***и кои работат во во студенстката служба и го трошат моето скапоцено време“, стоело во анонимниот пост кој  е објавен од страна на корисник со лажен профил во Фејсбук групата „ЕФЗГ Загреб“.
Бидејќи идентитетот на тој корисник не  е откриен , настрадале студентките кои го поддржале тој коментар.
Според Иван Томјеновиќ, причина за почнување на некоја казнена постапка нема. Така три студентки од Економскиот факултет во Загреб на група на Фејсбук одлучиле да го искажат своето незадоволство за работата на вработените.

Пронајдете не на следниве мрежи: