Поради овој професор од Холандија, секоја жена обожува математика

Роберт Лигтвоет (28), професор по математика од Холандија, освен што добро предава, е неодоливо привлечен и харизматичен.Тој станал популарен на социјалните мрежи откако со него се пофалила една од неговите ученички на сајтот “Bored Panda”. 
Роберт, откако завршил факултет за математички финансии, одлучил најпрвин да патува. 

 
“Заминав на патување низ Австралија, Нов Зеланд и јужноазијските држави, а тоа траеше 17 месеци. Во текот на патувањето научив многу за себе, па затоа одлучив да се посветам на професорската кариера кога ќе се вратам во Холандија. Сакам да предавам и сакам математика, затоа одлучив дека ќе бидам посреќен како професор отколку како работник во финансискиот сектор”, изјавил Лигтвоет.

Покрај математиката, патувањата и авантурата, Роберт се занимава и со мода, а тој е голем вљубеник во оделата.

 
“Откако ја гледав ТВ серијата “How I Met Your Mother”, станав опседнат со одела, па затоа решив да ги носам истите на многу необични места”.
Професорот по математика е заштитно лице на еден бренд и одговорно лице за нивниот маркетинг, а освен неговите ученички, го обожуваат и многу други дами ширум светот.
 
 Тој станал популарен на социјалните мрежи откако со него се пофалила една од неговите ученички на сајтот “Bored Panda”. 

Пронајдете не на следниве мрежи: