Министерот за финансии Кирил Миноски денеска оствари работна средба со директорот на Централниот регистар Андреа Поповски во просториите на Централен регистар.При работната посета беше разговарано за текот и начинот на поднесувањето на годишните сметки и финансиските извештаи за 2016 година за правните субјекти од страна на сите обврзници во Македонија.
Се разговараше за формата и начинот на кој субјектите имаат можност да го извршат поднесувањето, функционалноста на системот и за одличната бројка на поднесени годишни сметки во хартиена и електронска форма.
До 24.02.2017 околу 20.000 субјекти ги поднеле своите годишни пресметки онлајн, што претставува показател за континуитетот и функционирањето на системот за електронско поднесување на годишни сметки. Бројката е во значителен пораст од лани истиов период кога изнесувала 12.000.
Беше потенцирано и продолженото работно време кое Централен регистар како сервисно ориентирана институција ќе го овозможи за субјектите со цел да излезе во пресрет при непречено одвивање на сите процеси при поднесувањето на пресметките, односно дека Централниот регистар ќе работии на:
25.02.2017 – (сабота) во сите Регионални Регистрациони канцеларии и сите Регистрациони канцеларии со работно време од 08:00часот – 16:00 часот,
27.02.2017 – (понеделник) и 28.02.2017 – (вторник) во сите Регионални Регистрациони канцеларии и сите Регистрациони канцеларии со работно време од 08:00часот – 20:00 часот
На 27.02.2017 – (понеделник) и 28.02.2017 – (вторник) со работно време од 08:00 часот – 16:00 часот, Централниот регистар на Р. Македонија овозможува прием на годишните сметки за 2016 година за субјектите и во следните градови во кои нема свои канцеларии:
-Кратово – во објектот на Општина Кратово
-Демир Хисар – во објектот на Општина Демир Хисар
-Крушево – во објектот на Уни банка
Министерот Миноски ја поздрави успешната работа на Централниот регистар како клучна за реформскиот процес во делот на подобрување на бизнис-климата во Република Македонија. Директорот Поповски ја нагласи досегашната успешна соработка со Министерството за финансии како важен фактор за спроведување на реформите и унапредување на процесите опфатени во делокругот на работа на Централниот регистар. Министерот и директорот се заложија за понатамошна успешна соработка во насока на исполнување на барањата на граѓаните и на бизнис-заедницата, со цел унапредување на условите за водење бизнис.При работната посета беше разговарано за текот и начинот на поднесувањето на годишните сметки и финансиските извештаи за 2016 година за правните су